Министерството за внатрешни работи воведува кодекс за облекување за сите вработени и граѓани кои ги посетуваат просториите на Одделот за граѓански работи, со цел зачувување на професионалните стандарди и угледот на институцијата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека мерката има за цел да придонесе за подобра работна атмосфера, како и за унапредување на меѓусебната почит меѓу службениците и граѓаните.
Според соопштението, кодексот ќе важи не само за вработените, туку и за сите посетители кои доаѓаат во просториите за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги. Од Министерството апелираат граѓаните да внимаваат нивниот изглед да биде во согласност со општоприфатените норми за однесување во јавни институции.
Воедно, се потенцира дека и вработените се должни доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување, кој е дел од интерните правила на институцијата.
Со воведувањето на оваа практика, од МВР очекуваат да се зајакне институционалната култура и да се подигне нивото на професионалност во секојдневната комуникација со граѓаните.
Деск
ВЛЕЗ ВО МВР САМО ВО ПРИСТОЈНА ОБЛЕКА: СЕ ВОВЕДУВА ДРЕС КОД ЗА ПОСЕТИТЕЛИ И ВРАБОТЕНИ!
1 Min Read

