Хрватската музичка ѕвезда Северина денес престојуваше во Скопје, каде што беше забележана како позира и ужива во атмосферата на главниот град, пред нејзиниот вечерен настап.
Популарната пејачка вечерва ќе настапи во Гевгелија, по повод свеченото отворање на новиот „Мега Шопинг Парк“, каде се очекува голем број посетители и богата музичка програма.
Северина преку порака до македонската публика ја упати поканата да присуствува на настанот и заедно да бидат дел од отворањето, кое се најавува како едно од поголемите забавни случувања во регионот.
Отворањето на Мега е проследено четири-дневна забава со музика и заедничко дружење, а интересот кај публиката е голем уште од најавата.
По вечерниот настап во Гевгелија, таа најавува и нови средби со македонската публика во претстојниот период, меѓу кои и голем концерт во Скопје.
Деск

