Што мислиме дека е среќа? „Честито нов автомобил“, „Купивме стан!“, „Ќе одиме на одмор на Малдиви“…
Што всушност е среќа? „Честитки, не е малигно“, „Тато, те чекам на кафе“, „Утре почнуваме co терапија, прогнозата е одлична“, „Стигнав безбедно, одвај чекам да те видам“, „Мама те сака најмногу на свет“, „Ај симни се да свртиме едно крукче на воздух“…
Оваа моќна порака која тера на размислување доаѓа од м-р Тиана Ивановска, психолог и основач на СебеСложувалка, каде тим од психолози работат со деца и возрасни.
Во нејзиниот осврт објавен на платформата СебеСложувалка, Ивановска ја става под знак прашање вообичаената перцепција за среќата, истакнувајќи дека вистинските моменти на исполнетост често не се поврзани со материјалниот успех, туку со човечките и животно важни вести.
Оваа перспектива отвора поширока општествена тема – дали современиот начин на живот нè тера да ја бараме среќата во погрешна насока? Психолозите сè почесто укажуваат дека луѓето ги потценуваат малите, но клучни моменти кои носат мир, стабилност и благодарност.
Пораката на Ивановска затоа се доживува како потсетник дека среќата не е секогаш гласна и видлива – понекогаш таа е само една реченица што носи олеснување и чувство дека сè е во ред.
Деск

