Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел по повлекувањето од функцијата во 2021 година добива месечни примања кои се проценуваат на околу 15.000 евра месечно, објави Феникс магазин.
Овој износ не претставува класична пензија како кај поголемиот дел од граѓаните, туку збир од законски утврдени права кои ги стекнала за време на својата долга политичка кариера – како пратеник во Бундестагот, министер и канцелар на Германија.
Покрај финансиските примања, поранешните германски канцелари имаат и одредени државни привилегии. Тие вклучуваат канцелариски простор, личен тим (советници и административен персонал), службено возило со возач, како и обезбедување.
Меркел беше на чело на Германија цели 16 години, од 2005 до 2021 година, со што се вбројува меѓу најдолговечните лидери во современата германска политика.
Иако често во јавноста се користи терминот „пензија“, станува збор за законски уреден пакет на примања и бенефиции за поранешни високи државни функционери во Германија.
По повлекувањето од функција, се посветила на она за кое во минатото немала време. Патувала во Германија и странство, посетувала градови во кои порано била само службено и работела на своите мемоари.
Деск
Previous ArticleНА 96 ГОДИНИ, КЛИНТ ИСТВУД ЗАМИНА ВО ПЕНЗИЈА

