Триесет и двегодишна жена се здобила со тешки повреди откако била удрена од електричен тротинет на улицата „Илинденска“ во Тетово.
Како што информирале од СВР Тетово, несреќата се случила на 5 јуни 2026 година околу 10:00 часот, кога електричен тротинет управуван од 16-годишен малолетник од селото Лисец удрил во И.Ѓ. (32) од селото Непроштено.
По несреќата, повредената била пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде ѝ била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите, таа потоа била транспортирана на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.
Деск
16-ГОДИШНИК СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ ПРЕГАЗИ ЖЕНА, СО СЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ ТРАНСПОРТИРАНА Е НА СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ!
1 Min Read

