Легендарната диско-фанк група Boney M ќе настапи на претстојниот Nišville Jazz Festival, кој ќе се одржи во Ниш во август 2026 година, соопштија организаторите.
Според најавата, концертот е закажан за петок, 14 август, а публиката ќе ја предводи оригиналната членка на групата Maizie Williams. Настапот во Ниш е дел од одбележувањето на јубилејот – 50 години од објавувањето на првиот албум, со кој започна нивниот светски успех.
За време на фестивалот, на групата ќе ѝ биде доделена и наградата „Grand prix Šaban Bajramović“, која се доделува за придонес во фузијата на џезот со други музички жанрови. Организаторите истакнуваат дека ова признание претставува и постхумна почит кон основачот и продуцент на групата Frank Farian.
Boney M е една од најпознатите диско групи од 1970-тите и 1980-тите години, позната по светските хитови како „Rasputin“, „Daddy Cool“, „Rivers of Babylon“ и „Sunny“. Во текот на својата кариера, групата има продадено повеќе од 100 милиони носачи на звук ширум светот, оставајќи силен печат во поп и диско музиката.
Настапот на Нишвил се најавува како еден од централните настани на фестивалот, кој секоја година во Ниш носи светски имиња од џезот, фузијата и сродните музички правци.
Б.Н.

