Министерот за култура, Зоран Љутков, заедно со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголе, потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата и туризмот, со кој се зацврстува партнерството меѓу двете земји.
Како што истакнува министерот, документот претставува потврда на долгогодишното пријателство и успешната соработка меѓу Македонија и Франција, но истовремено отвора и нова фаза во унапредувањето на билатералните односи во културниот и туристичкиот сектор.
Меморандумот предвидува реализација на заеднички проекти, организирање стручни обуки и размена на експертска поддршка, како и активности насочени кон заштита и валоризација на културното наследство. Дополнително, се отвора простор за развој на културните и креативните индустрии и за унапредување на туристичката соработка.
Посебен акцент е ставен на конзервацијата и реставрацијата на културното богатство, модернизацијата на музејското работење, дигитализацијата на архивите и професионалното усовршување на кадарот во културните институции.
Од Министерството за култура посочуваат дека со овој Меморандум се создаваат нови можности за зајакнување на културните врски и за реализација на проекти од заеднички интерес, кои ќе придонесат за поголема меѓусебна размена и видливост на културните вредности на двете земји.
Деск

