-Ставаме соларни панели на секоја државна зграда и обезбедуваме високи субвенции за секој дом. Твојот покрив станува твоја електрана.
Ги тргаме политичарите од енергетските компании. Со струјата ќе управуваат професионалци, а не партиски послушници кои ги трошат вашите пари.
Ставаме точка на трошењето на профитот од струјата за крпење туѓи долгови. Секој денар што ќе го заработи државата, оди исклучиво за изградба на нови македонски електрани – ова е дел од ветувањето на СДСМ, објавено во нивната Програмската платформа „Твоја држава – твоја шанса“, во делот насловен Енергетска автономија.
Како што е истакнато, СДСМ се залагала за масовна соларизација, и итна деполитизација на енергетскиот сектор, каде професионалци ќе управувале со јавните ресурси, ослободени од партиски притисоци.
Целта била енергетската транзиција да стане мотор на економскиот раст и заштита на стандардот на граѓаните, преку максимално искористување на сонце и ветер.
Од партијата порачуваат дека крајната цел на предложените мерки е обезбедување евтина и достапна електрична енергија за секое домаќинство во државата.
Деск

