Премиерот Христијан Мицкоски вчера присуствуваше на свечено отворање на домот за стари лица „Оаза by Adora“, во општина Илинден, каде истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на приватните иницијативи и инвестиции кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Во своето обраќање, Мицкоски нагласи дека секоја инвестиција која носи нови услуги, отвора работни места и создава додадена вредност претставува значаен придонес за општеството. Тој им честиташе на инвеститорот и сопственикот на објектот, посочувајќи дека ваквите вложувања бараат храброст и претставуваат пример за претприемачки дух.
„Луѓето кои инвестираат и отвораат нови работни места се оние кои обезбедуваат плати за повеќе семејства и придонесуваат за економскиот развој. Јас му честитам и на инвеститорот и на сопственикот на овој објект и на луѓето коишто ќе ги користат услугите на овој објект, бидејќи навистина претставува храброст пред сè да се влезе во една ваква инвестиција, за мене луѓето коишто влегуваат во вакви инвестиции се во суштина најголемите патриоти коишто обезбедуваат едно работно место повеќе, коишто се грижат да обезбедат плата повеќе во месецот, така што ние како Влада секогаш ќе бидеме на страната на бизнисот коишто секогаш се труди да направи повеќе “ порача премиерот, додавајќи дека Владата ќе продолжи да стои зад бизнис заедницата која се стреми кон раст и развој.
Тој истакна и дека постои директна поврзаност меѓу успехот на бизнисите и економската сила на државата, опишувајќи го тој однос како „двонасочна улица“ во која напредокот на едната страна директно влијае врз другата.
Мицкоски упати благодарност и до градоначалникот на општина Илинден за поддршката во реализацијата на инвестицијата, изразувајќи надеж дека вакви проекти ќе продолжат да се множат и во иднина.
Инаку, станува збор за современ дом за стари лица, инвестиција вредна околу осум милиони евра.
Деск
ХРАБРОСТ Е ДА СЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАКВА ИНВЕСТИЦИЈА, КАЖА МИЦКОСКИ НА ОТВОРАЊЕТО НА ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ,,ОАЗА” ВРЕДЕН 8 МИЛИОНИ ЕВРА
2 Mins Read
Previous ArticleВО СУДИР НА ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ ЗАГИНА МУЗИЧАРОТ ОЛИВЕР ТРИ

