На денешен ден пред 83 години, по негова наредба биле ѕверски убиени 12-те ваташки младинци. По околу 18 месеци од масакрот, и тој беше стрелан, иако претходно на суд тврдел дека не е виновен и се правдал дека жртвите биле партизани уапсени во шумата, а не деца и младинци одведени од своите домови.
Судењето на Љубен Апостолов (50) било во зградата на Тутуновиот монопол во Кавадарци, а неговата егзекуција била извршена во 1945 година во Кавадарци.
На 22 јануари 1945 година во Кавадарци по изречената пресуда од страна на Народниот суд во Кавадарци е стрелан полковникот Љубен Апостолов, командант на 56 пешадиски полк на бугарската армија, кој беше директно одговорен за спроведувањето на Јунската офанзива од 6 до 16 јуни 1943 година во Тиквешко и одговорен за стрелањето на 12-те ваташки младинци на 16 јуни 1943 година. Судењето било во зградата на Тутуновиот монопол во Кавадарци.
Полковникот Љубен Апостолов на 3 ноември 1944 година бил откриен од македонските емигранти во Софија и го привеле во штабот на македонската народноослободителна бригада “Гоце Делчев“. Од Софија е екстрадиран во Кавадарци. По помалку од две години Народниот суд во НР Македонија ги осудил на смрт главните раководители и учесници во оваа акција: полковник Љубен Апостолов, капетан Борис Жеглов, поручник Костов и подофицер Петко Опреков. Пред тоа сите тие се предадени од новата влада на Бугарија на југословенските власти за судење како фашисти. Апостолов, кој бил командант на војската и ја издал наредбата за стрелање, тврдел дека не е виновен за ваташкиот масакр. Тој бил суден за повеќе злодела и сите ги признал, но за ваташкиот масакр кажал дека добил листа со имиња, а на неа стоело дека младинците се партизани уапсени во шумата, а не собрани од нивните куќи.

Истата судбина како Апостолов, ги снашла и полицискиот инспектор Димитар Раев и агентот учесник во овие настани, Борис Жуглов. Двајцата се осудени на смрт во Скопје и стрелани.
Денес на споменикот на ваташките младинци во Моклиште, Општина Кавадарци достоинствено го одбележа нивниот спомен. Тие остануваат симбол на храброста, непокорот и љубовта кон слободата.
Деск

