Собранието синоќа ги избра осумте нови министри во рамки на реконструкцијата на Владата предложена од премиерот Христијан Мицкоски. Секој од новите министри е избран со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „воздржан“ и „против“.
За министер за правда е избран Јетон Шасивари од Влен, за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од Влен, за министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за министер за култура и туризам Седат Сулејмани од Влен, за министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, а за министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.
Собранието ги разреши досегашните министри за правда Игор Филков, за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за односи меѓу заедниците Игор Стоиљковиќ, за здравство Азир Алиу, за култура и туризам Зоран Љутков, за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, за локална самоуправа Златко Перински, како и министерот без ресор Шабан Салиу.
Разрешени беа и заменик-министрите за социјална политика, демографија и млади и за култура и туризам, Ѓоко Велковски и Седат Сулејмани, кои со денешната одлука беа избрани за министри во истите ресори.

