Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) продолжува со работа и во текот на викендот со цел навремено да ги изработи анализите на примероците земени од посочените локации, информираат од институцијата.
По добиеното барање од Јавното обвинителство, екипи на ИЈЗ веднаш излегле на терен и земале примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. По враќањето на екипата во раните утрински часови во петокот, веднаш започнал процесот на лабораториска обработка.
Од Институтот посочуваат дека, согласно известувањето од ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар за нагло зголемен број пациенти со гастроинтестинална симптоматологија, стручните тимови и викендов се ангажирани за анализите да бидат спроведени стручно и во најкус можен рок.
Резултатите од извршените анализи ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, кое ги побара податоците, за понатамошно постапување.
Институтот за јавно здравје информира дека останува во постојана комуникација и координација со надлежните државни институции.
И ВИКЕНДОВ СМЕ НА РАБОТА И ГИ АНАЛИЗИРАМЕ ПРИМЕРОЦИТЕ ОД ГОСТИВАР, ВЕЛАТ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ
1 Min Read

