-Борбата против изградбата на системот на мали хидроцентрали на реката Дошница станува еден од најголемите еколошки протести во државата – целосно организиран и подржан пред се од млади, самоорганизирани граѓани. Протестот и низата блокади кои во најтоплите денови во годината, веќе повеќе од еден месец траат добија и меѓународна подршка, а со тоа и внимание од светските медиуми, истакнаа од ,,Дома”- еколошка, едукативна онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
На нивната страница објавија фотографии од блокадите, на кои вчера се приклучи и шведската активистка Грета Тунберг.
Истакнаа дека Тунберг имала неочекувана и ненајавена посета на Македонија, по средбите со граѓаните завчера во Тетово и Скопје, а вчера се придружила на блокадите на Дошница.
-Речиси сите еколошки друштва, здруженија и организација во последните денови јавно и децидно се изјаснија против овој проект, а Владата и ресорното министерство секако по навика остануваат неми на реакциите на граѓаните, порачаа од ,,Дома”.
На настанот Тунберг порача дека секоја локална борба е и глобална, и сите битки против уништувањето на природата биле поврзани, затоа и ги поддржувала.
Деск