Овогодинашното издание на манифестацијата ,,Десет дена Крушевска Република” 2025, ќе биде отворено со концерт на доајенот на македонската народна песна, Ефто Пупиновски, соопштија од НУ ЦК ,,Десет дена Крушевска република”.
Пупиноски ќе го започне концертот во 22.30 часот на први август, на платото Гумење.
На страницата на НУ ЦК ,,Десет дена Крушевска република” е објавена целата празнична програма, која ќе започне со свечен пречек на коњаниците под мотото „Илинденски марш“, Столб на Крушевската Република во Градски парк, во 18.30 часот на 31-ви јули.
Манифестацијата ќе трае до 10-ти август, кога ќе се одржи церемонија на спуштање и засолнување на бајракот и почесна стрелба за хероите на Илинден и Крушевската Република,на Плато Гумење.
Деск

