Во организација на штипјанецот Горан Стаменков, по вторпат ќе се пее во чест налегендарниот Тоше Проески во Штип. Настанот ќе се одржи на 21-ви август во Дом на млади Штип, и ќе настапат голем број на колеги на Проески.
Концертот е со хуманитарен карактер, а дел од средствата од продадените билети биле наменети за реконструкција на дел од улицата ,,Тодор Проески” во Крушево.
Пет часа ќе се пеат неговите хитови во изведба на Антонија Гиговска, Бени, Мики Секуловски, Огнен Здравковски, Дани, Мартинијан, Наташа Малинкова, Андријана Петрушовска…
-Целиот ден го посветуваме на Тоше и на неговата мисија. Ќе се случи хуманитарна крводарителска акција во дневните часови, под мотото ,,Биди хуман како Тоше”, и поканети се сите крводарители. Потоа, настанот ќе го отворат децата од фестивалот ,,Весело штурче”, со хорска изведба на две песни од Тоше.
Следуваат настапите на нашите изведувачи, а од соседството ќе дојде Александра Радовиќ, која исто така ќе изведе песни од Проески, истакна Стаменков на прес конференцијата по повод концертот.
Деск

