Традиционалната манифестација Тиквешки гроздобер во Кавадарци, годинава ќе започне со голема заедничка трпеза со локални кулинарски специјалитети, во 10 часот во петок (05.09) на улицата Илинденска.
Овој настан се организира за првпат во склоп на гроздоберот, и ќе го означи почетокот на големата општинска прослава.
-Со задоволство ве известуваме дека за првпат во текот на Тиквешкиот гроздобер ќе се организира долга заедничка трпеза поставена на ул. ,,Илинденска’’, со специјалитети од тиквешки домаќинки и ресторани, каде ќе доминира традиционалната македонска храна.
Очекувајте музика во живо, народни инструменти и костими од традицијата. Заедно да го означиме почетокот на овогодинешниот Гроздобер, информираат од организацијата на настанот.
Истиот ден ќе се одржи традиционалниот турнир Сестри Китеви во Спортскиот центар Јасмин, како и изложба на Мирослав Масин во Локален Музеј Галерија.
Во Паркот на револуцијата ќе настапува Трио Мањифико, додека во вечерните часови на Градскиот плоштад ќе гостуваат Диџеј Оки Доки, Тајзи и Теодора Џехверовиќ.
В.К.
Тиквешки гроздобер ќе започне со голема заедничка трпеза со локални кулинарски специјалитети!
1 Min Read

