Популарниот пејач Хари Варешановиќ, познат како Хари Мата Хари, ќе одржи концерт во Скопје, со кој ќе ја започнел регионалната прослава – 40 години музика, љубов и емоции.
Настанот ќе се одржи на 24-ти октомври во Спортскиот центар Јане Сандански, а билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре, први септември.
Како што информираат од организацијата на концертот, по лична желба на Хари, концертот ќе имал ограничен капацитет со само 2.000 билети, од кои само 700 со седење, со цел да се создаде интимна атмосфера.
Специјален гостин на настанот ќе биде култната група Валентино.
Цените на билетите за концертот се од 800, 990, 1.000 и 1.200 денари. По настапот во Скопје, Хари Мата Хари ќе одржи јубилејни концерти и во Арена Загреб и Сава Центар – Белград.
Деск

