Приведен е навивач за агресивно однесување на ракометен натпревар, следува пријава и за организаторот согласно Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека вчера во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле А.Р.(24) од Битола затоа што во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, за време на одигрување на ракометен натпревар помеѓу екипите на РК Вардар од Скопје и РК-Еурофарм Пелистер од Битола, недолично и агресивно се однесувал кон играчите на РК Вардар.
-По документирање на настанот против А.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на навивач од Битола, кој по завршување на натпреварот запалил пиротехничко средство во салата.
Додека, против организаторот ќе биде поднесена пријава согласно Закон за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, соопштија од МВР.
Деск
Битолски навивач приведен во Кавадарци, пријава и за организаторот на настанот оти не спречил насилство и недолично однесување на спортски натпревар
1 Min Read

