Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, чиј лидер е кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, и ВМРО-ДПМНЕ, се договориле за заемна поддршка за кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори.
Така, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека ќе немаат свои кандидати во Куманово и Центар, туку ќе ги поддржат кандидатите на ЗНАМ, а пак ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во сите останати општини.
Синоќа пак, од ЗНАМ објавија дека Максим Димитриевски ќе оди во трка за трет градоначалнички мандат во Куманово. Одлуката едногласно била донесена на седниците на Извршниот и Центарлниот одбор на партијата.
За кандидат за градоначалник од редовите на ЗНАМ за скопски Центар бил избран Мирослав Лабудовиќ, кој е заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини.
Од ЗНАМ најавија сериозни листи за советници во повеќе од 50 општини и кажаа дека се работи за личности со чист образ.
Деск

