Премиерот Христијан Мицкоски утрово заминал на планинарење заедно со поголема група на планинари, помеѓу кои и пратеникот Александар Велјановски. Токму Велјановски утрово ги објави фотографиите од планинарењето, кое се одвивало на релација Бозовце – Лешница – Попова Шапка.
На една од фотографиите, премиерот покажува маица со натпис ,,Never give up”, односно ,,Никогаш не се откажувај”.
Инаку, Мицкоски е познат како голем љубител на рекреативното планинарење, пешачење во природа, но и на посетувањето на теретана.
И во минатото се има случено негови фотографии од искачувањето на Водно да бидат објавени од страна на рекреативци, кои случајно го затекнале по патеките.
Во повеќе наврати и тој самиот објавува детали за своите планинарски тури. Пред шест години, кога го искачил највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв, порача дека искачувањето секогаш било одредено од мотивацијата, истрајноста и волјата, а за мотивираните и истрајните, немало невозможни работи.
В.К.
Previous ArticleЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ со договор: Ние за вашите, вие за нашите!

