Денес беше пуштена во употреба нова делница од автопатот Кичево-Охрид, а премиерот Христијан Мицкоски се обрати пред присутните и порача дека за само година и половина ставивиле во употреба 70 километри нови патишта. Со делницата од Кичево-Охрид, бројката утре ќе достигнела 87,5 километри.
Исто така, тој информираше дека Македонија била во петте земји во Европа по најголема ставка на раст на бруто домашниот производ.
-На крај, дозволете ми да напомнам уште неколку битни и важни економски параметри.
Првиот е фактот што во вториот квартал забележа нашата економија реален раст од 3, 4% и сме во петте земји во Европа по најголема ставка на раст на бруто домашниот производ.
Ако во минатиот, првиот квартал бевме на четвртото место, сега го делиме третото место со Хрватска. Пред нас е Ирска и Кипар со 3,6%, порача Мицкоски.
Деск
Пред нас се само Ирска и Кипар, ние сме на трето место со Хрватска по најголема ставка на раст на бруто домашниот производ, кажа Мицкоски
1 Min Read

