Во тек на вчерашниот ден лице од кавадаречко возело под дејство на алкохол и предизвикало сообраќајна несреќа, известија од Министерството за внатрешни работи.
Од таму појаснуваат дека вчера во 16:30 часот на регионалниот пат Кавадарци- село Возарци, кај место викано „Рамниште“, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.А.(65) од село Дреново, кавадаречко, кој околу 15:20 часот управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот.
-По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,62 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од МВР.
Деск

