Во тек на вчерашниот ден на улица во Охрид била приведена жена од ресенско, која била пријавена дека претходно го нападнала сопругот, соопштија од Секторот за внатрешни работи Охрид.
-На 07.09.2025 година во 18:25 часот, на улицата „Кленоец“ во Охрид, приведена е Ц.Ц.П.(28) од ресенско, која претходно, физички го нападнала нејзиниот сопруг, соопштија од СВР Охрид. Од таму не откриваат повеќе детали за настанот, односно дали и со какви повреди се здобил нападнатиот сопруг.
Додават дека по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

