Се преземаат мерки за пронаоѓање на две лица од Струмица, кои во саботата отишле во соседна Грција на спортски риболов, и биле недостапни на мобилните телефони, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
-На 07.09.2025 околу 09:00 часот во СВР Струмица Т.Р.(43) од Струмица пријави дека на 06.09.2025 нејзиниот сопруг А.Р.(40) заедно со неговиот сосед С.А.(63) отишле во Р.Грција на спортски риболов и потоа биле недостапни на мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакнаа од министерството.
Деск

