23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, беа предадени денес на користење, извести министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што истакна, соработката помеѓу МВР и РСБСП придонесува за зголемување на безбедноста на патиштата.
-Денеска заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски, присуствував на предавање на нова опрема за нашата сообраќајна полиција. Се работи за 23 мотоцикли „Piaggio“ со 310 cm³ моќност во полициска изведба и комплетна возачка опрема – одела, кациги, ракавици и чизми.
Ова е уште една потврда за успешната соработка помеѓу МВР и РСБСП, партнерство кое директно придонесува за зголемување на безбедноста на патиштата. Верувам дека само преку заедништво и координација можеме да обезбедиме подобри услови за работа на полициските службеници и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот.
Продолжуваме и понатаму со истата посветеност, безбедноста во сообраќајот останува наш врвен приоритет, порача Тошковски.
Деск

