Евровизиската победничка Марија Шерифовиќ која беше главна музичка ѕвезда на манифестацијата Тиквешки гроздобер во Кавадарци, објави видео од својот престој во земјава. Видеото е насловено ,,Пичвајз во Македонија” и е објавено на нејзиниот официјален Јутјуб канал.
На почеток на видеото, таа го покажа хотелот Греј Стар во Неготино каде била сместена, и раскажа дека и го дале на користење нивниот голем апартман.
-Многу подобро ќе го искористев апартманот ако не бев сама, но бидејќи сум сама, тоа е тоа, малку ќе го исправам грбот. Вообичаено доаѓам на местото на настанот еден ден пред концертот, но поради обврски, овојпат дојдов баш на денот на концертот, кажа Марија.
Објави дека во ресторанот на хотелот од менито избрала шопска салата и вкусно пилешко, а кога потоа сакала малку да поспие во апартманот, ја прекинал Никола, момче кое било дел од техничката поддршка во нејзиниот тим. Тој и кажал дека за неа има подарок кој треба да и го донесе.
-Не ми е роденден и подарокот ме изненади, добив патики кои се вистинска бонбона, навистина ми се погодени, вели Шерифовиќ, но не откри кој и ги испратил патиките.
Потоа, во видеото се објавени снимки од концертот во Кавадарци на кој присуствуваа десетици илјади граѓани од цела земја. Откри дека се случил мал инцидент на настанот, кога и се скинале пантолоните, но веднаш добила помош и истите биле сошиени. По завршување на настапот, веднаш заминала назад во Белград, и со снимка од својот дом се заблагодари на Македонија за гостопримството.
https://www.youtube.com/watch?v=yTT464gMhXA
В.К.

