Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Дојче веле истакна дека очекува убедлива победа на претстојните локални избори и дека победата ќе значела пред сè одговорност и ќе била заснована на работа. Исто така, тој вели дека имале година без скандал во локалната самоуправа, а градоначалниците биле секогаш достапни за народот и можеле да се видат по паркови, улици и градилишта.
-Таквата победа за нас е пред сè одговорност и ќе биде заснована на нашата работа. Имаме година без ниту еден скандал во локалната самоуправа, со многу вратени стари долгови во општините што беа блокирани, со многу почнати нови проекти, но и еден поинаков однос кон решенијата – проблеми што се решаваат заедно со граѓаните“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се секогаш достапни за народот, ги решаваат проблемите на граѓаните и се вистински избор за заедничка иднина.
„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ можете да ги видите по парковите, градилиштата, маалата, улиците – достапни за народот. Очи в очи да разговарате, да дебатирате, да критикувате. Знам дека не може да се решат сите проблеми, ниту тоа сме ветиле, но затоа се трудиме со сите сили да решиме што е можно повеќе и да не заборавиме ниту за миг сè што ветивме. Сево ова постигнато во услови на тешка економска и политичка криза, на грчевита борба и опструкции од централната власт. Затоа верувам дека овие луѓе се вистинскиот избор за заедничката иднина“, истакна премиерот Мицкоски.
Деск
Мицкоски: Нашите градоначалници можат да се видат по паркови и маала, секогаш се достапни и имаме година без скандал во локалната самоуправа!
2 Mins Read
Previous ArticleОбјавени преостанатите кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

