По повод шест месеци од пожарот во Кочани, во кој згаснаа 62 млади животи, движењето ,,Кој е следен” повикува на протест на 16-ти септември, во Скопје на плоштад со почеток од 20.16 часот.
Од таму истакнуваат дека настанот не беше несреќа и не беше трагедија, туку беше масакр и свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел.
-Вака веќе не може! Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да не разбесни и поттикне на акција. Најважно е да не престанеме да се бориме за вистината, да не останеме неми пред неправдата, да преземеме одговорност, секој на свој начин, порачаа од движењето, од каде додаваат дека вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани.
Деск
Најавен протест во вторник: Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани!
1 Min Read
Previous ArticleСе трага по маж кој ја нападнал партнерката со нож додека спиела

