44-годишен гостиварец заработи кривична пријава, бидејќи во тек на месец февруари годинава, си изградил приземје и кат на плац кој не бил во негова сопственост, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Е.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење“.
Во текот на февруари 2025 година во населба во Гостивар, на парцела сопственост на друго лице, пријавениот изградил изградил приземје и кат без одобрение за градење издадено од надлежен орган, извести МВР.
Деск

