По повод шест месеци од трагичниот пожар во Кочани, во кој животот го изгубија 62 млади лица, семејствата на починатите организираат „Марш за Ангелите”.
Маршот ќе започне денес во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се одвива по веќе востановената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочанскиот суд и обвинителство, а ќе заврши повторно во „Паркот на Револуцијата“.
Истовремено, во Штип, во сеќавање на петте жртви на Градскиот плоштад Слобода во 20.00 часот ќе се запалат свеќи и ќе се направи ѕвездено небо во нивна чест.
Во најавата за собирот во Штип на социјалните мрежи е објавено дека Штип не заборава и стои заедно со Кочани.
-Да се обединиме сите, да ги вклучиме светилките од мобилните телефони и да покажеме дека болката нè поврзува, а љубовта ги чува нашите ангели засекогаш во срцата, порачуваат штипјани.
Деск
Штип не заборава и стои заедно со Кочани: Марш и ѕвездено небо по повод шест месеци од трагичниот пожар
1 Min Read

