Денес со сечење на џиновската пастрмајлија во Штип, се означи почетокот на манифестацијата Штипска пастрмајлијада 2025.
Градоначалникот Иван Јорданов ја покани целата јавност да се придружи на забавата во градот, која се одвива на шеталиштето Ванчо Прќе, а пак утре на Градскиот стадион ќе настапи регионалната музичка ѕвезда Дино Мерлин. Пред него, настапи ќе имаат Владо Јаневски и Елена Ристеска.
Ова е 17-то издание на настанот и се очекуваат околу 100.000 посетители.
Штипскиот специјалитет пастрмајлија на манифестацијата ќе се продава по цена од 220 денари.
Деск

