Девојче на возраст од 12 години, цели три месеци било изложено на физички напади и психичко малтретирање од страна на 13-годишна малолетничка, која дури и го снимала малтретирањето со мобилен телефон. Вчера, сестрата на малтретираното девојче го пријавила случајот во полиција, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
-На 19.09.2025 во 09:00 часот во СВР Штип С.Д.(25) пријави дека изминатите три месеци во Штип нејзината 12-годишна сестра била физички напаѓана и психички малтретирана од 13-годишна малолетничка, а тоа било снимано со мобилен телефон.
Во полициска станица во присуство на нивните родители бил извршен службен разговор со малолетничката која ја напаѓала сестрата на пријавителката и со уште еден малолетник и по целосно расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, известија од министерството.
Деск
12-годишно девојче три месеци било тепано и снимано со мобилен телефон од малолетничка
1 Min Read

