Лишен е од слобода неготинец поради испратени закани кон градоначалникот на Неготино, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од таму посочуваат дека на 19.09.2025 година во 16:00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Ј. (29) од Неготино поради сторено кривично дело по член 258 став 1 и в.в член 144 ст 4 со испраќање на заканувачки пораки кон градоначалникот на Општина Неготино.
Станува збор за лице познато во градот, односно млад човек кој се претставуваше како голем поборник за правда и демократија, и кој на социјалните мрежи редовно објавуваше свои ставови за актуелните состојби во земјава.
Сепак, истото лице, заврши во притвор и годинава во март, бидејќи во период од 12-ти септември лани до 25-ти февруари годинава преку Вибер и Фејсбук настојувал да обезбеди контакт со градоначалникот во обид да го принуди да издејствува повлекување кривична постапка.
Тогаш тој на градоначалникот му испраќал текстуални пораки, линкови и фотографии со заканувачка содржина, и покрај тоа што против него се водела претходна кривична постапка за присилба, и му биле изречени мерки на претпазливост, односно забрана за воспоставување на комуникација со градоначалникот.
По повод последниот настан, од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
Приведениот заканувач од Неготино се претставуваше како голем поборник за правда и демократија
1 Min Read
Previous ArticleУбави вести од Кавадарци: Беби-бум во градот!

