Државната секретарка Марија С. Ѓоргова, присуствуваше на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, еден од најзначајните културни настани во земјава и регионот, соопштија од Министерството за култура и туризам.
– Со своето присуство таа ја истакна поддршката на Министерството за култура и туризам за филмската уметност и за афирмацијата на македонските автори на светската сцена.
Со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска беше отворено новото 46-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, а завршува на 26 септември со проекција на филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски.
Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) годинава востанови ново фестивалско признание, награда Златен медал „Браќа Манаки“, која беше доделена на филмскиот критичар Благоја Куновски Доре.
Специјалната Златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност беше доделена на турскиот режисер Сами Капланоглу, истакнаа од министерството.
Фестивалот „Браќа Манаки“ и оваа година ги собра најистакнатите домашни и меѓународни филмски уметници, нудејќи богата програма и промовирајќи ја уметноста на кинематографијата.
Деск
Под мотото „Сон на платно“ отворено 46-тото издание на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“
1 Min Read

