Малолетник бил повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во Неготино, во близина на градското паркче. Се детали за настанот излезе Секторот за внатрешни работи Велес.
-На 21.09.2025 во 18:40 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на улица „Маршал Тито“ во Неготино, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале возило кое го напуштило местото, малолетен пешак и патничко возило „ауди“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(27) од Неготино.
Во несреќата со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино. За настанот известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопштија од СВР Велес.
Деск

