Пет лица биле приведени во неготинската полициска станица во тек на вчерашниот ден, поради физичка пресметка која настанала помеѓу две групи во угостителски објект, информира СВР Велес.
-На 21/22.09.2025 во времето од 20:10 до 00:10 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода В.Д.(22), Д.Т.(21), Љ.Т.(43), А.М.(25) и Б.П.(22), сите од Неготино.
Претходно И.Б.(25) од село Криволак, неготинско, пријавила дека во угостителски објект во Неготино, Д.Т. физички ја нападнал, по што настанала физичка пресметка помеѓу две групи.
Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од полицијата.
Инаку, во градот веќе втор ден трае манифестацијата Неготински панаѓур и има голем број на посетители, а угостителските локали се полни. Граѓаните алармираа за повеќе тепачки случени во тек на вчерашниот ден, но истите најверојатно не се пријавени во полиција, па ги нема во дневните полициски билтени.
Деск
Previous ArticleДете повредено во сообраќајка во Неготино

