Планинарот Марк Јорис (72) од Белгија, кој дошол во Македонија и имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар – Општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија, и кој беше пријавен за исчезнат на 18-ти септември минатата година, се уште не е пронајден.
Во првите денови од неговото исчезнување лани, со дрон беше пребаран теренот на Галичица, и беа преземени низа на други мерки и активности за негово пронаоѓање.
Според последните информации кои беа објавени за него за Фејсбук страницата ,,Галичица”, тој последен пат бил забележан во атарот на селото Лакајца, струшко, додека се движел по познатата патека High Scardus Trail. Според рутата пак, се очекувало да помине низ Вевчани, Охрид и Националниот парк Галичица, се до манастирот Свети Наум, каде завршувала последната етапа од патеката.
Негова фотографија и лични податоци се истакнати на страницата за исчезнати лица при Министерството за внатрешни работи, и се уште се трага по него. Како што е појаснето на официјалната страница, тој во време на исчезнувањето со себе носел планинарска опрема со вреќа за спиење и стап за планинарење.
Деск
Previous ArticleПоради филмска улога Тони Цетински ослабнал 20 килограми

