Премиерот Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата сторија на ИРЛ која споменува вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени во обвинението, изјави:
-Се разбира дека случајот го води Обвинителството. Јавниот државен обвинител Коцевски, таму видовте и вие, изминатиов период дванаесетина обвинители беа тие коишто работеа на овој случај.
Ако е прашањето, дали сум задоволен од работата на обвинителството, мојот одговор ќе биде не сум задоволен. И токму тоа беше причината зошто поддржавме во Парламентот смена на Коцевски.
А зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски, тоа е друго прашање. Така што треба, секој оној којшто, на каков било начин и во каква било форма има каква било поврзаност со тој случај да биде изведен пред лицето на правдата, кажа Мицкоски.
Деск
Мицкоски: Секој кој на каков било начин има поврзаност со случајот за Кочани да биде изведен пред лицето на правдата!
1 Min Read
Previous ArticleВМРО најави голем митинг во Неготино во среда

