Во раните утрински часови во Грдовци е донесено телото на трагично починатиот Стојче Горѓиев во Љубљана, објави ТВ Стар.
Од таму информираат дека во раните утрински часови во родното село Грдовци донесено е телото на 39-годишниот Стојче Горѓиев, кој ќе биде погребан денес во 14.00 часот.
Според се уште неофицијална потврда, Горѓиев во Љубљана бил брутално претепан на 2-ри октомври по што им подлегнал на повредите.
МНР вчера потврди дека станува збор за македонски државјанин роден 1986 година во Кочани. Неофицијално, како што претходно соопштија словенечките власти, тој бил претепан до смрт. Истрагата за случајот е во тек, и не соопштуваат други детали.
Деск

