Велес постави нов рекорд – вештите раце на пита мајсторите подготвија џиновска пита во должина од 4м и 30цм! Зоранчо Илиевски, Ангел Костов, Виктор Василевски, Лазе Коцевски, Благојче Николов, Горан Костадинов, Кристина Маневска и Александар Јамалов со неговата мотивација и подмладок Калина и Георгиј од Фурна Гемиџии ја подготвија оваа пита која во себе содржи 16кг. брашно, 26,5кг. тесто, 42кг. месо и 350 јајца, соопшти велешкиот градоначалник Марко Колев.
Додава дека велешката традиција ја одбележале заедно со советниците од Советот на Општина Велес, а во соработка со Црвен крст Велес биле собрани средства од продажба на питата кои ќе се употребат за хуманитарни цели.
Синоќа беше првата вечер од општинската манифестација во Велес, а присутните ги забавуваа Група Соната, 2 Бона, Куку Леле и Калиопи.
Утре главна музичка ѕвезда е Северина, а пак во недела ќе гостуваат Бајага и Инструктори. Настапуваат и повеќе домашни изведувачи, а традиционалата велешка пита во градот се продава по цена од 250 денари.
Деск
Next Article Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!

