Роденденскиот концерт по повод 45 години постоење на Центар за култура Битола, кој требаше да се одржи синоќа со Ефто Пупиновски, е одложен поради здравствени причини.
Како што е соопштено на официјалниот профил на фолк музичарот, здравствената состојба на Ефто не му дозволува да настапи, но наскоро ќе бил објавен нов датум за одржување на концертот.
-Почитувани, со жалење, но и со молба за ваше разбирање,
Ве известуваме дека денешниот концерт со Ефто Пупиновски во Центарот за културата во Битола за жал ќе биде одложен.
И покрај сите напори, здравствената состојба на Ефто не му дозволува да настапи вечерва.
Му посакуваме брзо и лесно закрепнување, а вас ве замолуваме за малку трпение – затоа што концертот само се одложува, не се откажува, наведено е во соопштението.
Инаку, концертот на Ефто требаше да се одржи во големата сала во Центар за култура Битола, а со него беше најавена и битолската група Милениум.
Сите купени билети ќе важеле за наредниот термин, кој наскоро ќе бил објавен.
Деск
Previous ArticleЧестит 11 Октомври – Денот на народното востание!

