Вчера во Постира, Хрватска, започна Светското првенство во берење на маслинки. Учествуваа 12 тимови, составени од по четири натпреварувачи, а правилата за берба се тоа да се прави само со раце, а тимовите да бидат составени од по две жени и двајца мажи. Бербата трае по 45 минути, а победниците ќе бидат прогласени во сабота.
Ова е осмо издание на превнството, кое секоја година привлекува се поголемо внимание. Учествуваа тимови од Хрватска, Франција, Финска, Црна Гора, Србија, Шведска, Босна, Британија…
Настанот го организира Туристичката заедница на Општина Постира, со цел да се промовира одгледувањето на маслинки, да се разменуваат искуства и да се запознаат традициите околу одгледувањето на маслинки кои ги има во другите земји.
Настанот пред шест години освои прва награда во категорија ,,Најдобро креативно искуство во туризмот” на Creative Tourism Network.
Деск
Креативна идеја за промоција на општината: Во Постира започна Светско првенство во берење на маслинки
1 Min Read
Previous ArticleСе очекуваат 30.000 луѓе на погребот на Халид Бешлиќ

