До 13.00 часот излезноста на Локалните избори е 20.17 проценти. Како што соопштија од Државната изборна комисија, од вкупниот број запишани избирачи досега гласале 361.009 граѓани или 20.17 проценти.
Најголема излезеност има во Чашка, 40.74 проценти, следуваат Новаци со 36.52 %, Македонски Брод со 34.02%, Крушево со 33.88%, Вевчани со 33.76 проценти.
Најмала е излезеноста во Врапчиште, 7.23 проценти.
Деск

