Возрасна мечка се прошетала низ главниот булевар во Дебар пред неколку дена, а ловџии од здружението Стогово излегоа со упатства до граѓаните, како да се однесуваат доколку имаат блиска средба со мечка.
-Ве известуваме дека во последно време се појавува загрижувачки феномен во градот и околните села: сè почесто диви животни како мечки, диви свињи, волци и лисици се приближуваат до населените места.
Оваа појава претставува зголемена опасност за граѓаните и жителите на руралните подрачја.
Овој феномен најчесто се случува во есенскиот период, кога дивите животни – особено мечките – бараат повеќе храна за да се подготват за зимата.
Пред неколку дена, во доцните вечерни часови, граѓаните на Дебар се соочија со возрасна мечка на главниот булевар во градот, што претставуваше сериозна опасност.
Без намера да се создаде паника, но со цел да се заштитат граѓаните, ја чувствуваме обврската да дадеме неколку важни совети како да се постапува во вакви ситуации:
1. Останете смирени – не правете брзи движења и не трчајте.
2. Повлекувајте се полека наназад, без да му го свртите грбот.
3. Зборувајте со тивок и смирен глас, за мечката да разбере дека сте човек.
4. Не ја гледајте директно во очи – тоа може да го сфати како провокација.
5. Ако е на поголемо растојание, направете мала бучава (плеснете со раце, зборувајте со нормален тон) за да се оддалечи.
6. Ако е блиску и сè уште не ве забележала, останете мирни додека не се оддалечи.
7. Веднаш известете ја полицијата, шумската служба или општината.
Што не треба да направите:
• Не трчајте – мечката е многу побрза од човекот.
• Не викајте и не ја провоцирајте.
• Не ѝ приоѓајте за фотографии или видеа.
• Никогаш не ја хранете – ќе се навикне да се враќа повторно.
• Не ја следете во шумата.
• Не оставајте храна надвор од домот или објектите.
Здружението на ловци е секогаш подготвено да им помогне на граѓаните и да соработува со надлежните институции за спречување на вакви случаи, известија од Здружението на ловџии Стогово.
Деск
Мечка прошетала на булеварот во Дебар, ловџии објавија упатства до граѓаните: Немојте да ја фотографирате, ниту пак да трчате!
2 Mins Read
Previous ArticleПо осум години врска, Саша Ковачевиќ ја запроси Зорана

