Двајца малолетници биле пријавени во полиција дека си организирале огномет на плоштад, пред маркет, а кај едниот од нив биле пронајдени 12 парчиња пиротехника, соопшти Секторот за внатрешни работи Охрид.
Од таму појаснуваат дека завчера во СВР Охрид, во присуство на нивните родители и правен застапник, извршени биле службени разговори со двајца малолетници од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на плоштадот „Мини маркет“ во Охрид организирале огномет.
-Имено, по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека малолетниците сториле прекршок по член 32 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со неовластено организирање на огномет и на тој начин ја загрозиле личната и безбедноста на други малолетни лица, присутни на настанот.
Притоа, кај еден малолетник полициските службеници пронашле и одзеле 12 парчиња пиротехнички средства.
По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок, известија од полицијата.
Деск
Фото: Илустрација

