Вчера во 13:55 часот во Полициското одделение Чашка било пријавено дека на земјен пат кон село Бусилци, општина Чашка, било пронајдено тело на починато машко лице, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Од таму додаваат дека по преземени мерки било утврдено дека се работи за Ѓ.Ѓ.(58) од Велес.
-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од СВР Велес.
Деск

