Министерот за култура, Зоран Љутков, беше во посета на Македонскиот културен центар во Истанбул, каде се сретнал со директорот Диме Ратајкоски и Генералниот конзул Идрис Фазлиоски.
-Во отворена и инспиративна атмосфера разговаравме за начини како да ја унапредиме културната соработка меѓу Македонија и Турција и да ги зајакнеме програмските активности на Центарот.
Со голем интерес ги разгледав тековните проекти, реализираните изложби, книжевни и музички вечери, како и плановите за идни настани кои ќе ја доближат македонската култура до турската публика.
Културата е најубавиот мост меѓу народите, а Македонскиот културен центар во Истанбул е вистински пример за тоа како уметноста, пријателството и соработката создаваат трајни врски, информира Љутков.
Деск
Previous ArticleТешко повреден маж кој со автомобиот удрил во дрво

