Завчера во атарот на село Сопот, Кавадарци, биле пронајдени остатоци од човечко тело, а настанот бил пријавен во полициската станица во Кавадарци, информираше СВР Велес.
Како што истакнаа од секторот, по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа, со цел да се утврди идентитетот на починатото лице, како и причината поради која настапила смртта.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи веќе се проширија шпекулации и претпоставки околу тоа кое би можело да биде починатото лице, иако според законска регулатива, официјална потврда за идентитетот се добива дури по добивање на резултатите од ДНК анализата.
Станува збор за процедура која може да трае и неколку недели, а поради чувствителноста на случајот, препорачливо е јавноста да се воздржи од предвремени претпоставки, односно од пласирање на информации кои не се официјално потврдени од надлежните служби.
Деск

