Според последните податоци, заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и веќе подигнале нов електронски уред, соопшти портпаролот на Владата, Марија Митева.
Таа додава дека овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата била стабилна, а мерката создавала вистински резултати.
-Оваа мерка не е случајна ниту импровизирана, туку прецизно и навремено испланирана од страна на Генералниот секретаријат на Владата, во блиска соработка со Министерството за дигитална трансформација и Министерството за образование и наука. Оваа институционална координација овозможи: брза организација на постапките, јасни критериуми за студентите, технички усогласен систем за доделување и реализација на ваучерите и висока транспарентност на процесот.
Со добро поставен систем и силна соработка меѓу институциите, мерката стана пример како државата може ефикасно, модерно и одговорно да испорача политики кои директно го подобруваат животот на граѓаните.
Владата покажа дека инвестициите во знаење, технологија и млади се приоритет, а исполнувањето на ова ветување е доказ дека државата функционира во служба на граѓаните. Ја намалуваме дигиталната нееднаквост и ја поттикнуваме дигиталната трансформација, истакна Митева.
Деск

