Синоќа во Тирана, на фестивалот Кенга Меџик, Калиопи ја изведе премиерно првичната верзија на песната “Казна”, која што била реализирана во 2016-та година заедно со песната “Дона”.
Како што појаснува пејачката, и двете песни биле кандидатки за тогашната Евровизија во Стокхолм.
-Ромео како продуцент и автор на музиката и аранжманите на двете песни, инсистираше да ја изведам “Казна” во Столкхом, Шведска.
Додека пак јас како автор на текстовите на двете песни, од емотивни причини, инсистирав да ја пеам “Дона”.
Иако е правило кај нас, продуцентот да го има последниот збор, сепак тогаш Ромео попушти на моите зборови “ Дозволи ми барем еднаш од емотивни причини да биде по мое..” и остави да биде по мое…
По сите случувања (непријатности) кои ги доживеавме на таа Евровизија, 2016, за кои малкумина знаат, ми требаше доста време за да си признаам дека ќе беше подобро да го послушав него- да ја испеев оваа песна која е чист “Piece of art”… Сигурно ќе си заминев дома со помирно срце, објави Калиопи.
Додава дека минатата година “Казна” ја снимиле во нов аранжман на Ромео Грилл, за нејзиниот албум “АЛБУМ”, заедно со Слаткар и така песната заживеала.
-Но, секогаш ме пратеше чувството дека сум и должна на првичната верзија да ја изведам некогаш на некоја голема сцена. И така, тоа вчера се случи , во Тирана…
На покана на мојот драг пријател Ардит Џебреа да бидам член на интернационалното жири на фестивалот, повод големиот 25 години јубилеј и да настапам како специјален гостин во финалето на фестивалот, одлучив овој настап да му го посветам токму нему, на Ромео.
Бидејќи никогаш не погрешил ниту во одлука, ниту во избор, кога е музиката во прашање.Респект маестро, порача Калиопи.
Б.Н.
Калиопи: Настапот во Тирана му го посветив на Ромео, тој никогаш не погрешил, во ниту една одлука!
2 Mins Read

